Најголем упад на Твитер: Хакирани профилите на Бил Гејтс , Џеф Безос, Маск, Обама…

0
141

Профилите на Твитер на многу познати личности и големи компании беа хакирани вечерва, според многу странски медиуми, што е невидена крипто измама.

Џо Бајден, Бил Гејтс, Илон Маск, Барак Обама, Ворен Бафет, Џеф Безос и „Епл“ и „Убер“ се само некои од пробиените сметки преку кои измамниците побарале парите да им бидат платени во биткоини.

“Ќе ги удвојам сите исплати на мојата адреса на биткоин во следните 30 минути. Вие депонирате илјада долари, ќе ви дадам 2”, пораката е објавена на профилот на Бил Гејтс, а слични се објавени на другите хакирани профили. Портпаролот на Бил Гејтс вели дека не станува збор за твит на Гејтс.

„Ние сме свесни за безбедносниот инцидент. Истражуваме и преземаме чекори за решавање на ситуацијата. Ќе објавиме се што знаеме наскоро“, соопштија од Твитер.

Си-Ен-Ен пишува дека според досега познатите информации, ова е најголем безбедносен инцидент во историјата на Твитер.