На Денот на независноста , демонстрантите во Балтимор го урнаа споменикот на Колумбо и го фрлија во море (ВИДЕО)

0
95

Додека повеќето од Американците го славеа Денот на независноста, околу 300 демонстранти вчера го соборија споменикот на Кристифор Колумбо во Балтимор, кој се распарчи и беше фрлен во морето во пристаништето, јавуваат американските медиуми.

Статуата на Колумбо се наоѓала во областа ,,Мала Италија” во пристанишниот град во државата Мериленд, а демонстрантите ја врзале со ланци и ја срушиле со гласно навивање и скокање.

„Откако се сруши статуата, таа се распадна на парчиња што демонстрантите ги влечеа по плоштадот и ги фрлија во пристаништето“, изјави Луис Краус за Си-Ен-Ен.

Спомениците во чест на Колумбо, морепловец од Џенова познат по откривањето на Америка, биле мета на вандали во голем број други американски градови, како што се Бостон, Мајами и Ричмонд, и се отстранети од градските власти во Сан Франциско.

Споменикот на Колумбо во Балтимор е подигнат во 1984 година во присуство на тогашниот градоначалник и претседателот на САД, Роналд Реган. Статуата е само еден од многуте историски споменици оштетени или целосно уништени за време на непрекинатиот бран протести против полициската бруталност што започна по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд кон крајот на мај.

Полицијата не била присутна на рушењето на споменикот во Балтимор.

https://youtu.be/wDRHOFXtL34,