НА ПАТОТ БОГДАНЦИ – ГЕВГЕЛИЈА ВО КАМИОН ОТКРИЕНИ 211 МИГРАНТИ ОД БАНГЛАДЕШ И ПАКИСТАН, ВОЗАЧОТ ПРИВЕДЕН

0
89

Три возила настрадаа неколку мигранти повредени, уништени столбови за интернет и струја. Ова е епилогот од сообраќајката што се случи точно напладне кога комбе со кочански регистарски ознаки полно со мигранти со силна брзина се движело по улицата „Младинска“ во Струмица каде изгубило контрола и удрило во возилата.

Очевидци тврдат дека се случило толку набрзина што виделе дека имало повредени мигранти а дел од нив избегале. Сметаат дека во комбето имало најмалку 50 тина мигранти.

Од полицијата која илзезе на терен информираа дека се работи на целосно комплетирање на случајот. Против возачот ќе биде поднесена соодветни пријави а се работи и на лоцирање на сите избегани мигранти од комбето

Мигранти се откриени и на патниот правец Богданци Гевгелија. Синоќа пред полноќ припадниците на Регионалниот центар за гранични работи Југ од Гевгелија во камион со полуприколка откри 211 мигранти. Биле превезувани во тешко моторно возило марка ДАВ со скопски регистарски таблици додека полуприколката со струмички, управувано од 27 годишно лице од Скопје. 159 до нив биле од Бангладеш а 52 од Пакистан. Возачот на камионот бил лишен од слобода.

Мигрантите биле откриени на патниот правец Богданци Гевгелија кај раскрсницата што води кон населеното место Богородица скриени во полуприколката. 159 до нив биле од Бангладеш а 52 од Пакистан. Возачот на камионот бил лишен од слобода. Според првичните информации регистарските ознаки на камионот со полуприколката биле со крадени и не припаѓале на возилото.