„Не сакаме дома“- протест на белградските студенти

0
170

По најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека во рамките за сузбивање на ширењето на корона вирусот, ќе бидат затворени сите студентски домови во Белград, на улица излегоа незадоволните студенти. Тие на протест бараа ваквата одлука да биде поништена.

Директорот на Инфективната клиника во Белград Горан Стевановиќ вели дека ситуацијата со заразени со корона вирусот во оваа клиника е многу сериозна и дека има голем број на пациенти со сериозна клиничка слика.

„СТАНУВА ЗБОР, ПРЕД СЕ, ЗА МЛАДИ ЛИЦА, МЕЃУ 30 И 50 ГОДИНИ, КОИ ДОАЃААТ СО СЕРИОЗНА КЛИНИЧКА СЛИКА, ДВОСТРАНО ЗАПАЛЕНИЕ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ. ПОМАЛ Е БРОЈОТ НА ОНИЕ СО ЛЕСНА КЛИНИЧКА СЛИКА, КОИ МОЖЕ АМБУЛАНТНО ДА СЕ СЛЕДАТ И КОИ МОЖЕ ДА БИДАТ ВО ДОМАШНА САМОИЗОЛАЦИЈА“, ВЕЛИ СТЕВАНОВИЌ.

На територијата на Белград од денеска и следните две недели на сила е вонредната состојба.

Забрането е влегување во затворени простории без маска, како и користење на јавен превоз. Покрај тоа забрането е собирање на повеќе од 100 луѓе во затворен простор, односно 500 на отворено. Угостителите нема да работата меѓу 23 часот и шест часот наутро.

Според српските медиуми состојбата на лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се влошила и тој бил приклучен на кислородна поддршка.

Извор Телма