Обвинителството влезе во ДИК, ќе се истражува набавката на софтверот

0
123

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, утрово влезе во ДИК и ја одзеде тендерската документација за набавка на софтверот за веб сајтот на Државната изборна комисија.Според обвинителката Вилма Русковска, ОЈО по допрен глас за незаконска спроведена постапка во ДИК и со претходно добеин налог од судија на претходна постапка издаде наредба за одземање на тендерската документација.

„Тендерот бил од месец февруари оваа година па е поништен тендерот и ние од судија побаравме да издаде наредба да се одземе комплетната документација, значи од почетокот на тендерот до последната набавка за да се провери дали се е во ред или пак не е“, рече Вилма Русковска, шеф на Обвинителство за гонење на организиран криминал.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски за Алсат потврди дека утринава биле обвинители од ОЈО и ја одзеле тендерската документација за набавка на софтверот.

„Документацијата е предадена и обвинителството ќе работи по нив. Сигурен сум дека нема незаконска постапка. 95 проценти за набавките во ДИК беа отворени, освен неколку кои мораа да се спроведат во скратена постапка поради корона вирусот. Немаме страв дека нешто се случило бидејќи сите постапки беа спроведени во законска процедура“, рече Деркоски.

Во однос пак на хакерскиот напад, од МВР велат дека истрагата се уште трае. Во меѓувреме, Дерковски до генералниот секретар на ДИК поднел иницијатива да се отвори дисциплинска постапка за одговорност на раководителот на ИТ секторот за настаната ситуација со хакерскиот напад на сајтот. На изборниот ден страницата на Комисијата не работеше и граѓаните не можеа да ги гледаат изборните резултати.