ОЈО бара казни од 2 000 евра и 100 000 денари за кафеана каде што немало растојание меѓу масите

0
98

Oсновното јавно обвинителство Скопје бара од Кривичниот суд да казни угостителски објект со 2 000 евра за сопственикот и 100 000 денари за фирмата бидејќи при извршена контрола меѓу масите не било запазено пропишаното растојание и на иста маса седеле лица кои не се членови на семејство, што е дел од мерките против епидемијата и претставува кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

„При контрола од службени лица, било констатирано дека во објектот не се почитува пропишаното задолжително растојание помеѓу масите и дека им се даваат угостителски услуги на четири лица седнати на иста маса, кои не се членови на семејство, што е спротивно на донесените здравствени прописи“,

велат од ОЈО Скопје.

Обвинителството на Судот му предложи на управителот на правното лице да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од 20 евра во денарска противвредност, додека пак за правното лице предложена е парична казна во износ од 100 000 денари.

Извор 360°