Пазарна го затвори базенот во Виница

0
125

Пазарната инспекција утрово го пломбираше базенот во Виница, каде претходните денови затекнаа голем број гости, спротивно на протоколите за работа и непочитувајќи ги препораките за заштита од коронавирус. Базенот ќе биде затворен 10 дена. Фирмата доби и парична казна од 2.500 евра, а одговорното лице уште 500 евра. Освен тоа, ДПИ поднесе и кривична пријава, со што управителот може да добие казна затвор од една до четири години.