Пазарна го затвори ноќниот клуб Аватар во Струмица

0
117

Државната пазарна инспекција ги пломбираше вратите на ноќниот клуб Аватар во Струмица. Клубот ќе биде затворен се додека не се донесат протоколи за начин на работа на ноќните клубови.

Овој струмички локал организираше забави со голем број гости, кои не ги почитуваа препораките за одржување дистанца и носење маска.

Инспекцијата на терен затекна состојба на непочитување на мерките за заштита на здравјето на граѓаните во услови на пандемија. ДПИ веќе изрече парични казни во висина од 2.500 евра за правниот субјект и уште 500 евра за одговорното лице. Дополнително директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, најави дека ќе биде поднесена и кривична пријава, за што управителот може да добие казна затвор од една до четири години.