Помпео се закани со санкции за Северен поток 2

0
111

Американскиот државен секретар Мајк Помпео се закани дека ќе бидат воведени санкции за рускиот гасовод Северен поток 2.

Тој откри нови упатства за воведување санкции против оние кои се вклучени во проектот, објавија западните медиуми.

– Нашите очекувања се дека оние кои учествуваат во продолжувањето на проектот ќе бидат предмет на разгледување за евентуални последици, истакна Помпео на прес-конференција.

Стејт департментот планира да ги вклучи Северен поток 2 и Турски поток во листата на проекти, санкционирани од Вашингтон, нагласи Помпео, потенцирајќи дека тоа е јасно предупредување за компаниите инволвирани во руските енергетски проекти.

– Повлечете се или ризикувајте да имате последици, ги повика Помпео компаниите кои учествуваат во проектите.

Американскиот државен секретар додаде дека ќе се укине исклучокот од невоведување санкции за Северен поток 2. Мерката е во сила од 2017 година. Сега сите компании, кои работат на двата енергетски проекта, се изложени на ризик од санкции.

Обвинувајќи ја Москва за користење на тие гасоводи како клучни „инструменти на Кремљ” за експлоатирање на европската зависност од руското снабдување со енергија, „за поткопување на демократијата и трансатлантската безбедност”, Помпео вети дека САД „секогаш се подготвени да им помогнат на европските пријатели и да ги задоволат нивните енергетски потреби”.