По изборите почнуваат подготовки за попис на населението

0
81

Вицепремиерот и висок функционер на ДУИ, Бујар Османи, денеска изјави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по изборите, а проблемот за неспроведениот попис минатата година, Османи го гледа во немањето консензус во Собранието.

„Ние на Влада постигнавме договор и донесовме закон за попис, што значи дека за првпат имавме етничко усогласување за начинот на кој ќе се спроведе пописот. Знаете дека во 2012 година пропадна поради начинот на читање на законот од двете етнички заедници“, изјави Османи на денешната прес-конференција по повод доставувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија со ЕУ.