По кампањата и изборите – Македонија бележи рекордни 241 нови случаи корона вирус и 8 починати

0
134

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-73, Куманово-10, Дебар-1, Штип-60, Прилеп-5, Тетово-32, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-14, Гевгелија-6, Струмица-4, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Виница-1, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица од: Скопје-40, Битола-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Кичево-1, Ресен-7.