ПРОТЕСТЕН МАРШ НА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

0
139

За вечерва во 19 часот е најавен марш на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива во знак на револт за потиснување на правото на слободното гласање.

Маршот ќе почне во 19 часот од паркот Чаир во Скопје, потоа ќе помине пред владата и е планирано да заврши пред канцелариите на делегацијата на Европската Унија.

„Ттокму пред седиштето на делегацијата на Европската Унија во Скопје – ќе биде испратена јасна порака дека една држава која ги започнува преговорите за членство во ЕУ не смее да дозволи дел од нејзините граѓани да бидат лишени од правото да избираат и да бидат избрани, што е основното човеково и политичко право во еу”, соопштија од централниот штаб на коалицијата.

Од таму наведуваат дека за да се избегне каква било можност за ширење на коронавирус, маршот ќе се одвива со заштитни маски и одржување дистанца.