Регистрирани 301 прекршок за неносење заштитна маска

0
142

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека во изминатото деноночие се регистрирани 301 прекршок по однос на мерката за неносење лична заштита на лице.

Од МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19. Епидемиолозите и надлежните институции речиси секојдневно ги повторуваат препораките за заштита од коронавирус и бараат нивно строго почитување.