Рекорден број заразени со Ковид-19 во САД трет ден по ред

0
170

Рекордно зголемување на нови случаи на коронавирус се регистрирани трет ден по ред во САД, објави Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Според нив, за 24-часовен период има 77.638 потврдени заразени лица. Така, вкупниот број заразени во САД достигна речиси 3,64 милиони.

Во САД од Ковид-19 во последните 24 часа починале 927 лица. Со тоа, вкупниот број на смртни случаи од болеста предизвикана од новиот коронавирус достигна 139.198.