Ременски бара изземање на обвинителката Русковска во случајот „Меѓународен сојуз“

0
77

Фросина Ременски, третообвинетата во случајот „Меѓународен сојуз“ изјави дека поднела барање за изземање на обвинителката Вилма Русковска.

-Барањето за изземање на обвинителката Вилма Русковска го поднесов затоа што во сите фази од процесот до денес основано се сомневаме и имаме докази дека постои селективност во постапувањето на обвинителката преку кршење на процесните права на одбраната во однос на мене, но и во делот на попречување на правдата, рече таа пред Кривичниот суд.

Ременски тврди дека постоеле изјави за изнудување на исказ, признание против други обвинети, а Русковска раководела и со издавање на наредби за незаконски претреси во нејзиниот дом.

Обвинувајќи ја Русковска за селективност и пристрасност, таа рече дека очекува јавниот обвинител да ги разгледа аргументите во барањето и да одлучи за изземање на обвинителката затоа што со „кршење и рушење на процесните права и правила може да влијае на целокупниот судски исход“.

Извор Фокуc