Се намалува бројот на приеми на пациенти во болниците, тврди Филипче

0
70

зминатите нeколку денови се намалува бројот на приеми споредено со тоа што беше пред десеттина дена кога имаше огромен број пациенти со ковид-19 кои доаѓаа во болница и тогаш немаше пациенти кои се испишуваа, денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека вчера после долго време првпат бројот на испишани пациенти на Клиниката за инфективни болести е поголем од приемите.

Но, тој посочи дека ги подготвуваат болничките капацитети и прават проекција и за нови капацитети не само за сега, туку и за есенските месеци, кога е можен уште поголем притисок, без разлика дали ќе биде и за друга патологија од сезонскиот грип.

Во врска со исполнетоста на капацитетите во јавните здравствени установи каде се примаат заболени од ковид-19, тој рече дека капацитетот на болницата во Козле е исполнет околу 30-тина проценти и има доволен број слободни кревети.

„Во Градската општа болница ‘8 Септември’ работиме на системот на ротација на кадар. Полуисполнет е капацитетот во сите болнички одделенија ширум државата освен во Охрид и во Битола, каде има уште неколку слободни кревети“,

истакна Филипче.

Со одлука на стручниот колегиум се одложуваат само хируршките интервенции на пациенти на кои тоа одложување нема да им ја влоши здравствената состојба и најави дека деновиве ќе биде пуштен системот за закажување „МојТермин“ во оние клиники и одделенија каде лекарите не ротираат.