Се разгледува можноста за воведување на мерки на границите кон Србија и Косово

0
81

Комисијата за заразни болести разгледува можност за враќање на некои мерки на границите кон Србија и Косово, откако таму деновиве се се поолеми бројките на новозаболени со Ковид-19. Се прават консултации меѓу надлежните во земјава, но и со колегите од јужниот дел на Србија по што ќе биде донесена конечната одлука.

САКАМ ДА КАЖАМ ДЕКА Е АПСОЛУТНО МОЖНО ОВИЕ ДЕНОВИ ДА ПРЕПОРАЧАМЕ НЕКОИ МЕРКИ, ДОКОЛКУ УТВРДИМЕ ДЕКА РИЗИКОТ ОД ВЛЕЗ НА ГРАЃАНИ ОД ОВИЕ ОКОЛНИ ЗЕМЈИ МОЖЕ ДА ГО ЗАГРОЗИ НАШИОТ СИСТЕМ. ТАКА ДА ДЕНЕСКА ЈА ПРОДОЛЖУВАМЕ ДИСКУСИЈАТА, ВЕРОЈАТНО И ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН. ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ НЕМАШЕ НЕКОЈА ИНДИКАЦИЈА ЗА НЕКОЈА ГОЛЕМА ОПАСНОСТ. НО ПОВТОРНО ЌЕ КАЖАМ, ЧЕКАМЕ ИНФОРМАЦИЈА ОД ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ ОД КОСОВО И ОД СРБИЈА, ИНФОРМИРАШЕ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО.

Што се однесува до состојбата во земјава податоците покажува дека по подолг период на троцифрени бројки денеска бројот на новозаболени со Ковид-19 е двоцифрен, 78. Сепак пресметано во проценти бројката е се уште релативно висока, односнои 8,7% позитивни од 894 направени тестови.

Опаѓањето на вкупната бројка ја следи и опаѓање на бројот на новозаболени во Скопје, денеска 26. Двоцифрен број на новозаболени денеска има и Штип 17, додека останатите градови забележуваат едноцифрени бројки на заболени: Тетово 9, Гостивар и Свети Николе по 5, Куманово 4, Струга 3.

Во изминатите 24 часа има и пет починати и тоа тројца пациенти од Скопје, и по еден од Куманово и од Струга и тоа на возраст од 63 до 86 години.

Добрата вест поврзана со ковид-статистиката денеска е што речиси 100 лица повеќе оздравеле, отколку што заболеле од вирусот во изминатото деноноќие. Од 172 оздравени најмногу се од Скопје, дури 72, по што следи Куманово со 53 оздравени, Штип со 20, Тетово со 10.

Во болниците пак од коронавирус остануваат да се лечат 421 пациент, при што Филипче уверува дека болничките капацитети не се пополнети. Сепак во очекување на есенскиот бран на епидемијата, засилена со сезонските вируси и други респираторни проблеми, се планира поставување на нова модуларна амбуланта кај Клиниката за пулмологија.

ИМАВ СРЕДБА СО ПОВЕЌЕ ДИРЕКТОРИ НА ПОВЕЌЕ БОЛНИЦИ ИЗМИНАТИТЕ ДЕНОВИ, ВО ШТИП, ВО ОХРИД, ВО БИТОЛА. И РАЗГОВАРАМЕ И РАЗГЛЕДУВАНО Е ЕВЕНТУАЛНО ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ КАПАЦИТЕТИ КОИ ШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА СЕ КОРИСТАТ КАКО БОЛНИЧКИ. ИМА НЕКОЛКУ СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ, СЕГА ЌЕ БИДЕ ПРАШАЊЕ И ДИСКУСИЈА ДАЛИ ТИЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ГИ КОРИСТИМЕ, ВО ОХРИД КОНКРТНО, ВО БИТОЛА, ИНФОРМИРАШЕ ФИЛИПЧЕ.

Инаку земјава досега има повеќе од 7.000 случаи со коронавирус од кои половината се активни. Најмногу активнин има во Скопје 1.960, Тетово 391, Куманово 196, а троцифрени бројки активни случи има и во Охрид, Струга, Штип.

Филипче денеска информираше дека Скопје и Тетово остануваат најголеми жаришта на Ковид-19 во земјава со 46, односно, 13 проценти од вкупниот број заболени, но оти и се поризичен станува и Гостивар.

Извор Teлма