СЗО: Епидемиолошката ситуација на Балканот е загрижувачка

0
117

Епидемиолошката ситуација и трендовите на југот од Европа и на Балканот се загрижувачки, оцени денес Мајк Рајан, главен на секторот за вонредни ситуации при СЗО.

„Нема сомнеж дека жариштето на пандемијата е во Северна и Јужна Америка, но и ширењето на вирусот во Африка е загруижувачко“, оцени Рајан во интервју за ирското радио „Њузток“.

„Иако западноевропските земји успеаја да ја стават епидемијата под контрола, загрижувачки трендови се појавија на југот од Европа и на Балканот. Се уште не сме ја напуштиле зоната на ризикот во Европа. Епидемиолошката ситуација продолжена будност и претпазливост“, предупредува Мајк Рајан, шеф на секторот за вонредни ситуации на СЗО.