СЗО: Земјите со сериозни епидемии на коронавирус да се разбудат

0
137

Случаите на коронавирус низ светот ја достигнаа бројката од 11 милиони заразени и 524.000 смртни случаи од кои четвртина се во Соединетите држави, при што Светската здравствена организација ги повика земјите со сериозни епидемии да се „разбудат“ и да ја согледаат реалноста.

„Луѓето треба да се разбудат. Податоците не лажат“, изјави директорот за итни случаи на СЗО, Мајкл Рајан, пред новинарите во Женева.

Тој порача и дека никогаш не е доцна да се преземе контролата врз епидемијата.

САД трет ден по ред регистрираа повеќе од 50,000 нови случаи на коронавирус. Во споредба со САД, Европа и Азија презедоа мерки за да го стават вирусот под контрола и постепено да ги отвораат своите економии.

Во Латинска Америка, случаите вртоглаво се зголемуваат со повеќе од 2,7 милиони заразени. Бразил, најголемата економија во регионот и најнаселена земја, има 1.5 милиони потврдени заразени и 63.000 смртни случаи и е на второто место по САД.