СЗО: Погрешно верувавме дека на лето сме позаштитени, коронавирусот ги сака сите годишни времиња

0
166

Харис потсети на уверувањето дека опасноста од зараза е помала во лето и повтори дека „и летото е проблем, зошто тој вирус ги сака сите годишни времиња“.

Се чини дека годишните времиња не влијаат на развојот на пандемијата од коронавирус, наведе денеска СЗО и предупреди дека погрешно верувавме дека на лето сме позаштитени.

„Изгледа дека годишните времиња не влијаат на преносот на вирусот, кој усмрти повеќе од 650.000 лица во светот и зарази повеќе од 16 милиони“, изјави портпаролката на организацијата Маргарет Харис на кусиот вирален брифинг.

Како пример го наведе тоа што во една од најзафатените земји во светот, САД сега е лето, а втора најпогодена е Бразил, каде сега е зима.

„Изгледа дека долго се задржа уверувањето дека вирусот е сезонски, но мораме да запаметиме дека се работи за нов вирус и иако се работи за респираторен, кој е историски сезонски, овој се однесува поинаку“, нагласи таа.

Харис потсети на уверувањето дека опасноста од зараза е помала во лето и повтори дека „и летото е проблем, зошто тој вирус ги сака сите годишни времиња“.

Напомена дека спојувањето со вирусот на грип, кој е сезонски и владее во зима, на новиот коронавирус е загрижувачко и би можело да го зголеми притисокот врз здравствените системи.

„На сите им препорачуваме да се вакцинираат против грип“, советуваше таа.