Советникот на Чулев кој пцуеше началник во СВР Тетово е суспендиран

0
135

Суспендиран е советникот на минситерот за министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на денот на изборите беше снимен како пцуе и навредува свој колега, началник во СВР Тетово. Истовремено против него, МВР поднело и кривична пријава до Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Оттаму велат дека се завршени сите проверки за инцидентот што се случи на 15. јули, односно на изборниот ден, како и тоа дека внатрешната кoнтрола констатирала дека постои основано сомнение дека полицискиот службеник, државен советник за полициски и криминалистички работи на министерот за внатрешни работи сторил кривично дело насилство по член 386 став 1 и малтретирање при вршење служба по член 143 од КЗ. Поради тоа, до ОЈО ГОКК – Одделението за гонење на сторите на кривични дела на лица со полициски овластувања поднесена е кривична пријава против него.

Исто така, поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а советникот на Чулев ќе биде и суспендиран од работното место.