Со нож рането момче во Чаир

0
91

Синоќа дежурен лекар од градската општа болница „Св. Наум Охридски“ пријавил дека кај нив бил донесен повреден 16 – годишник од Скопје.

Според пријавеното, околу 22.10 часот на фонтана во парк во населба Чаир, по претходна расправија со две лица, од еден од нив бил прободен со нож. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.