Тачи е „задоволен“ како поминало четиридневното сослушување во Хаг

0
163

Косовскиот претседател Хашим Тачи при напуштањето на зградата на Специјалното обвинителство во Хаг, рече дека одговорил на сите прашања кои му биле поставени од обвинителите.

-Задоволен што имав можност четири дена да сведочам за сите прашања во врска со моите активности за време на војната и моите напори за мир, стабилност, развој и напредок. Во текот на овие четири дена, јас бев во можност да дадам информации за мојата улога и моите одговорности за време на војната, изјави Тачи.

Косвоскиот претседател Тачи овие четиридневни сослушување ги оцени како продуктивни и нагласи дека сега останува на обвинителите и судиите да одлучуваат непристрасно.

-Ако го сторат тоа професионално, можат лесно да заклучат дека јас не сум извршил никакви воени злосторства, рече Тачи.

Според него војната на ОВК била за слобода и дека тие ја имаат поддршката на светот за тоа. На 24 јуни Специјалното обвинителство објави дека покренало предобвинителен акт против Тачи, лидерот на ДПК Кадри Весели и осум други неименувани лица и оти тие биле обвинети за злосторства против човештвото и воени злосторства.