Тачи за Зибери: Тој е терорист од 1997 година

0
87

Лидерот на ДПА, на предизборна средба со граѓани, рече дека останува на барањето за дводомен парламент

Лидерот на ДПА Мендух Тачи го нарече терорист Насер Зибери, кандидатот на ДУИ за премиер, на предизборна средба со граѓани на Гостивар, каде што изразил уверување дека неговата партија ќе победи на парламентарните избори на 15 јули.

„ Што го поврзува Али Ахмети со Насер Зибери? Југославија и национализмот на Зибер. Тој е терорист од 1997 година од Гостивар и Тетово. Тој беше вицепремиер, кога државата убиваше со оружје и насилство, тепаше, малтретираше, затвори многу луѓе. Ова е најсилниот аргумент дека овие двајца луѓе се поврзани со истата цел, доаѓаат од истиот извор, но овие двајца ќе ги разделиме“,

изјави Тачи.

Тачи истакна дека тој и неговата партија не се откажуваат од нивниот план за дводомен парламент.

„Дводомниот парламент е прва понуда. Дводомен парламент, кој ќе биде правно-уставен гарант дека Албанците повеќе нема да бидат надгласувани и мајоризирани“,

рече Тачи.