Тинејџер киднапирал Италијанка и со пријател ја држеле заклучена во стан во Охрид

0
84

Дваесет и шестгодишна девојка од Италија била држена заклучена во стан во Охрид од 19-годишен скопјанец со иницијали С.С., со привремено живеалиште во Италија.

Како што соопшти МВР, настанот во полициската станица во Карпош вил пријавен вчера наутро од 49-годишен скопјанец.

По пријавата, полициски службеници од Охрид отишле во станот на посочената адреса на улицата „Партизанска“ во Охрид, во сопственост на Л.С.(60) од Охрид кој го изнајмил. Таму била пронајдена девојката заедно со скопјанец со иницијали Б.Ф. пријател на тинејџерот кој ја киднапирал.

Обајцата скопјани се приведени и веднаш им е изречен притвор од 8 дена, додека во меѓувреме се работи на расчистување на случајот по што ќе следат пријави.