Трамп не сака да воведе обврска да се носат маски

0
125

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не размислува да воведе обврска да се носат маски во земјата со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Сакам луѓето да имаат одредена слобода и не верувам во тоа“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“, кое ќе се емитува во недела, пренесува Ројтерс.

Минатата сабота, за прв пат од почетокот на пандемијата, Трамп носеше маска во јавноста.

Неговото одбивање да се воведе задолжително носење маски доаѓа откако главниот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, ги повика локалните водачи да ги применат сите можни мерки за да ги натераат луѓето да носат маски.