Тројца фудбалери од ГФК Охрид заразени со Ковид-19

0
123

Тројца фудбалери од нашите редови се позитивни на вирусот ковид -19, информираат од Градскиот фудбалски клуб Охрид.

Ни стигнаа три позитивни резултати од тестовите на нашите фудбалери кои ги направивме во четвртокот. Ние како клуб ги презедовме сите мерки и ги почитувавме протоколите, но невидлиот непријател бесчујно навлезе и во нашите редови, стои во соопштението од клубот.