Универзитетот Вашингтон очекува над 1.800 умрени од Ковид-19 во Македонија!

0
96

Три можни сценарија предвиде Институтот за здравствени мерења и проценки од Универзитетот Вашингтон во Сиетл, а во врска со бројот на жртвите во Македонија од Ковид 19. Според сценариото кое се предвидува според тековните мерки и предвидува затегнување дури од 1 септември, заклучно со 1 ноември во Македонија би имало 1.629 жртви. Најцрното сценарио предвидува 1.805 починати доколку продолжи олеснувањето на мерките. Во најоптимистичкото сценарио при повторно воведување на дел од рестрикциите и воведување на задолжително носење на маски на отворено, до 1 ноември би имале 752 жртви.