УПРАВНИОТ СУД ГИ ОДБИ И ЖАЛБИТЕ НА ВМРО – ДПМНЕ ВО ОДНОС НА НИВНИТЕ ПРИГОВОРИ ВО ДИК

0
126

Коалицијата која на предвремените парламентарни избори освои најмногу мандати на СДСМ и Беса не очекуваат сериозни предизвици во периодот кој следи при формирањето на новата влада. Од Бихаќка и денеска преку соопштение велат оставаат отворени врати за сите идни пратеници кои се спремни да бидат дел од прогресивните политики како што се наведува во соопштението .

После илинденските празници почнува процесот на преговори за можна коалициска соработка, Коалицијата што ќе ја предводи СДСМ ќе биде отворена за сите политички чинители, кои прифаќаат да се приклучат на патот кој води напред, односно европскиот пат, патот на правдата и економијата пред се.

ВМРО-ДПМНЕ најпрво треба да обезбеди демократија за своите членови кои не можат да дојдат до израз во така заробена партија, па потоа да обезбедува и придонесува за иднината на нашата земја.

Од ВМРО ДПМНЕ пак и натаму велат водат преговори , но не откирваат со кого и како планираат да формираат парламентарно мнозинство.

ДУИ пак веќе се убедени дека сите патишта водат кон Малка Речица иако велат не би прифатиле да бидат во коалиција со Левица која има два пратеника и која не го прифаќа Преспанскиот договор . Но и со обвинувања до останатите партии од албанскиот блок дека се против идејата за прв мандатар албанец.

Алијансата за албанците веќе се убедени дека ќе водат преговори за да бидат дел од новото парламентарно мнозинство, и покрај тужбите кои Управниот суд им ги одби . Исто така беа одбиени и сите 101 на Левица , а денеска на агендата на Управен на разгледување беа и дел од тужбите на ВМРО ДПМНЕ и по една на Демократи и Единствена Македонија.

Сепак сите овие до сега поднесени но и одбиени тужби од Управниот суд немаа никакво влијание врз некакви промени на одлуките на ДИК а во врска со организираните предвремени парламентарни избори .

Во меѓувреме пак денеска од Секторот за компјутерски криминал при МВР до скопското Основно јавно обвинителство доставиле известување со образложение за сите мерки и активности преземени во насока на расчистување на хакерскиот напад врз интернет страницата на Државната изборна комисија (ДИК) на денот на предвремените парламентарни избори.