Филипче: Високиот број на заразени од Ковид-19 во нашата земја не е тренд туку варијација

0
148

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека бројка од саботата на ново дијагностицирани е варијација како и некои претходни отскокнувања од вообичаената бројка која се должи на мал кластер во една од конфекциите во Штип.

„Една од конфекциите во кои имаше поголем број заразени е веќе затворена, во координација со градоначалникот ќе зборуваме со сопствениците, за да видиме дали според епидемиолошките анкети има потреба да се затворат и други за да се намали ризикот од пренос на вирусот. Во таа смисла, вкупната бројка кога тоа ќе се изземе, е она што е тренд сите овие изминати денови односно целиот изминат период“ вели Филипче.