Шест починати, 129 новозаразени и 109 оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа

0
152

Во последните 24 часа се потврдени 129 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 45 случаи во Скопје, 25 во Штип, по девет во Тетово и Гостивар, седум во Куманово, по шест во Битола и Кичево, пет во Струга, четири во Прилеп, по три во Охрид, Кочани и Свети Николе и по еден случај во Дебар, Кавадарци, Демир Хисар и Делчево, објави на неговиот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Од Ковид-19 починале шест лица, односно, пет пациенти од Скопје и еден од Струга.

Институтот за јавно здравје регистрирал 109 оздравени пациенти, односно, 60 од Скопје, 16 од Штип, 12 од Тетово, седум од Куманово, шест од Гостивар, четири од Велес, двајца од Кавадарци и по еден пациент од Прилеп и Виница.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9797, бројката на оздравени пациенти е 5254, на починати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4092“, стои во објавата на Филипче.

Досега во земјава се направени вкупно 92.550 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.535 теста.