СДСМ и ДУИ ги договориле начелата за идната влада.

0
169

СДСМ и ДУИ ги договориле начелата за идната влада. Попладнево од работните групи на двата тима со заедничко соопштение:

ИМАВМЕ КОНСТРУКТИВНА ДИСКУСИЈА ЗА ПОТВРДА НА ЗАЛОЖБИТЕ НА СИТЕ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА МИР, СТАБИЛНОСТ, БЕЗБЕДНОСТ И СОРАБОТКА ВО ЗЕМЈАТА И РЕГИОНОТ, ЗДРАВИ МЕЃУЕТНИЧКИ И СОСЕДСКИ ОДНОСИ, ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ, ПРАВНА ДРЖАВА, ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ОПШТЕСТВЕНА БЛАГОСОСТОЈБА.

РАЗГОВАРАВМЕ ЗА ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО И ЗА КОАЛИЦИЈА ЗА ПОЛН, ЧЕТИРИГОДИШЕН, СТАБИЛЕН МАНДАТ.

ПОТВРДИВМЕ ДЕКА НЕМАМЕ ДРУГА АЛТЕРНАТИВА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА, ОСВЕН ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО И ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА.

ПОСВЕТЕНИ СМЕ ЗА ПРОСПЕРИТЕТ И ДОЛГОРОЧНА СТАБИЛНОСТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.

ЦЕЛОСНО СМЕ СОГЛАСНИ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА СО ГРЦИЈА, ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА СО БУГАРИЈА И ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР.

ПОСВЕТЕНИ СМЕ НА СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА, СИЛНО И ТОЛЕРАНТНО ОПШТЕСТВО, ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И СОГЛАСНИ СМЕ ДА СЕ СПРОТИСТАВИМЕ НА СИТЕ ФОРМИ НА НАЦИОНАЛИЗАМ И ОМРАЗА.

РАЗГОВАРАВМЕ ДЕКА ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАЕДНИЧКА ВЛАДИНА ПРОГРАМА МОРА ДА БИДЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО УСТАВОТ, ЗАКОНИТЕ И ИЗБОРНИТЕ ПРОГРАМИ НА СДСМ И ДУИ.

СОГЛАСНИ СМЕ ДЕКА СЕ НЕОПХОДНИ КВАЛИТЕТНИ, ОДГОВОРНИ И ОТЧЕТНИ КАДРИ ПРЕДЛОЖЕНИ ЗА СИТЕ РЕСОРИ ОД ДВЕТЕ СТРАНИ, КАДРИ КОИ СЕ ПОДГОТВЕНИ ВО ЦЕЛОСТ ДА ГИ ИСПОРАЧААТ ПРОГРАМСКИТЕ ОПРЕДЕЛБИ И ПРИНЦИПИТЕ НА ЕВЕНТУАЛНИОТ КОАЛИЦИСКИ ДОГОВОР.

ПОТВРДИВМЕ ДЕКА ПАРТИИТЕ СЕ СОГЛАСНИ НА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ПРАВОСУДСТВОТО И НА ПРОВЕРКА НА ПОТЕКЛОТО НА ПАРИ И КАПИТАЛ КАЈ СЕКОЈ ФУНКЦИОНЕР, ПО ПАТ НА СИСТЕМ ШТО ЗАЕДНИЧКИ ЌЕ БИДЕ ДОГОВОРЕН.