Баерн по шести пат стана европски првак, до титулата стигна со максимални 11 победи

0
199

Баерн го совлада Пари Сен-Жермен со 1:0 во финалето на Лигата на шампионите во Лисабон и по шести пат ја освои титулата европски првак, израмнувајќи се со Ливерпул. Голот вреден титула го постигна францускиот репрезентативец Кинглси Коман во 59. минута.

 

 

Баварскиот гигант е првиот клуб во историјата кој со максимален број победи (11) стигна до највредниот трофеј во европскиот фудбал и ја заврши сезоната со тројна круна, откако претходно славеше и во Бундеслигата и во германскиот куп.

Баерн претходно беше европски шампион во 1974, 1975, 1976, 2001 и во 2013 година.