Богатството на основачот на Фејсбук надмина 100 милијарди долари

0
101

Нето вредноста на извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг за првпат надмина 100 милијарди долари.

Фејсбук е една од компаниите чии акции скокнаа за време на пандемијата на коронавирусот.

Според извештајот на Блумберг, Закерберг сега се наоѓа во друштвото на сопственикот на Амазон и најбогатиот човек на светот Џеф Безос и основачот на Мајкрософт Бил Гејтс, кои веќе дојдоа до „магичните цифри“, пишува Бизлајф.

Тие тројца се единствените луѓе на светот со богатство од најмалку 100 милијарди долари.

Веста за зголеменото богатство на Закерберг доаѓа набргу откако Фејсбук објави Инстаграм Рилс, опција која во голема мерка ја доживуваат како конкурент на Тик Ток.