Браќата Усеини нудат гаранција по 10.000 евра за да излезат од притвор

0
114

Бизнисменот и советник во општина Охрид Нефи Усеини и неговиот брат Ибро понудиле пари како гаранција за да излезат од затворскиот притвор. Адвокатот на осомничените за Сител потврди дека е понудена гаранција за да сe укине мерката притвор или да се замени со домашен притвор. Браќата понудиле по 10 илјади евра кеш како судска гаранција, достапност до надлежните органи и ветиле дека нема да го променат местото на живеење.

Правните експерти велат дека доколку мерката притвор му е одредена по основ опасност од бегство со гаранција може да излезат од охридскиот затвор. Од ОЈО пак не откриваат кога браќата ќе бидат изведени на распит.

Инаку браќата Усеини вчера сами се пријавиле во охридскиот затвор на издржување на мерката притвор во траење од 8 дена, откако полицијата не можеше да ги пронајде.