ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев е тендерашки картел

0
101

Пак има трицифрен број нови заболени во едно деноноќие, односно 118 и 3 починати. Македонија надмина 13 илјади заболени што е 6 пати повеќе од тоа што го прогнозираше Венко Филипче.

Власта на Заев ja интересираат само криминалните тендери, личното богатство и пари. Во услови кога пропаѓа една банка, министерката Нина Ангеловска ја интересирало како да ги повлече своите депозити. Заев ја издаде Ангеловска дека владата одамна пред пропаѓањето на Еуростандард банка знаела за состојбите, па така наместо да се интересира за друго министерката за финансии се занимавала со извлекување на 200 илјади евра додека сите останати ќе мора да чекаат стечајна постапка за да си ги добијат своите пари.

Токму поради ваквото однесување на Ангеловска, јасно и станува на целата јавност како Македонија се задолжи за цела милијарда евра нов долг, а патем да нема никаква помош за стопанството, нема капитални инвестиции, нема заштита на стандардот на граѓаните. Нивната неспособност и неодговорност и терањето лични бизниси сега сите граѓани ќе го плаќаат со повисока цена на струјата за 7,5%

Власта на Заев е класичен тендерашки картел со кој државата тоне, а тие се богатат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ