ВМРО-ДПМНЕ: Новата крими-коалиција на Заев ќе се посвети на лично богатење, а граѓаните ќе гинат од корона вирусот

0
141

Наместо посветеност на проблемите на граѓаните, функционерите на СДСМ се посветени на тоа каде на набават кокаин или кога да си купат имоти и апартмани вредни стотици илјади евра, наведуваат во партиското соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ и по шест месеци откако се појави корона вирусот немаат стратегија како да се справат со КОВИД19 и последиците кои произлегоа од оваа криза. Заев и СДСМ не обезбедуваат никаква заштита на здравјето на граѓаните, ниту нудат некаква сигурност или излез од ситуацијата. Бројката на заболени е повеќе од 11 илјади или скоро шест пати поголема од прогнозите на министерот за здравство Венко Филипче. Бројот на починати лица надмина 500. И покрај ова надлежните ниту знаат што се случува сега, ниту пак што следи на есен. тешко се снаоѓаат и со кластерите. Заев и Владата предводена од СДСМ не знаат како да се справат со последиците од корона кризата. За помалку од 30 дена стартува учебната година и се нема план за образованиот процес- стои во соопштението.