ДУИ избраа кој ќе го пополни последнто министерско место

0
163

Предлогот на ДУИ за министер за информатичко општество и администрација е Јетон Шаќири, пратеник во новиот собраниски состав, потврдуваат од партијата за весникот „Коха“.

Шаќири е професор на Меѓународниот универзитет во Струга и беше директор на Водовод и канализација од Струга, некогашна „Проаква“. Шаќири, кој е од Струга, важи за човек од доверба на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, а сега ја добил поддршката во партијата да биде и иден министер.