Задолжувањата се за да се помогне економијата, велат од СДСМ

0
106

Задолжувањата се за да се помогне економијата и да се надмине кризата со коронавирусот, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по обвинувањата упатени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како и сите други држави погодени од кризата така и Северна Македонија мораше да обезбеди капитал однадвор за полесно справување со последиците од кризата, за да се обезбеди ликвидност во време на светска пандемија и за да се направи фискален простор за дејствување и преземање на антикризни мерки. Лицемерието и несериозноста на ВМРО-ДПМНЕ се дотолку поголеми ако се знае, дека и еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монтерен фонд се земени со потпис од дополнителната заменичка министерка за финансии, Гордана Димитриоска Кочоска кадар токму на ВМРО-ДПМНЕ, а намената на овие средства е строго утврдена“, наведе СДСМ во реакцијата.