Заев со порака до Ахмети: Треба да се има бројки за премиер

0
186

По конститутивната седница во македонското собрание свое обраќање до јавноста имаше претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој на денешната пресконференција рече дека ќе ги слушне сите размислувања на политичките партии и одговори што мисли за барањето иден премиер да биде албанец.

„Не сме имале предрасуди за определбата за било кој кандидат за било која функција во државата, но секако, треба да се има и бројки за премиер. Со 15 пратеници премиер не се добива“, рече Заев.