Здравствената и економската криза лошо се менаџира сметаат од ВМРО ДПМНЕ

0
125

ВМРО ДПМНЕ со соопштение реагира дека лошо се менаџира здравствената и економската криза и дека, како што велат оттаму, Македонија со Заев тоне во сиромаштија.

,,Додека Заеви се богатат и извлекуваат пари од пропаднати банки, Македонија се претвори во европски Вухан. Во едно деноноќие има 160 новозаразени и 3 починати. Со овие бројки Македонија и понатаму е црн рекордер во регионот на починати и зарзени лица на еден милион жители. Бројот на вкупно заразени е над 12.500 лица што е 6 пати повеќе од прогнозите на Венко Филипче. Ова покажува колку лошо се менаџира здравствената криза која не е само македонски проблем, туку за жал станува и регионален и европски проблем. Македонија стана црна точка во време на епидемијата и извозник на заразени низ Европа. Станавме единствена земја во регионот на која и банкротира банка во време на кризата”, наведуваат од партијата.