Извлечено безживотното тело на 16 годишното момче од Ресен од водите на Преспанското езеро

0
114

Нуркачки тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи (МВР) околу 14 часот го пронајдоа и извлекоа безживотното тело на 16 годишното момче од Ресен од водите на Преспанското Езеро.

Момчето беше пријавено за исчезнато на 2 август во водите на Преспанското Езеро, кај туристичката населба „Претор“. По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.