Либанската влада падна , протестите не се смируваат (ВИДЕО)

0
113

Демонстрантите во Бејрут, главниот град на Либан, повторно се судрија со полицијата, која што фрли солзавец за да ги растера демонстрантите.

Тие фрлаа камења и петарди кон полицијата, кои возвратија со солзавец.Протестите во Либан започнаа само неколку дена по експлозијата, а веќе првиот ден стотици беа повредени, додека еден полицаец е убиен.
Демонстрантите, кои бараа одговорност од н
адлежните за експлозијата во пристаништето во Бејрут, се обидоа да заземат владини згради, но беа протерани од безбедносните сили.

Иако либанската влада денеска поднесе оставка, протестите во Бејрут продолжија.
https://twitter.com/RemyBuisine?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1292863340813975552%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Flibanskata-vlada-padna-protestite-ne-se-smiruvaat-video%2Fa434298%3Ffbclid%3DIwAR34vC-tDqi15zb5M4ds8hYRLE1VMzblItiZILeURyD3z6huORtcz5wLBsQ
Најмалку 220 луѓе ги загубија животите во катастрофалната експлозија на магацин во пристаништето во Бејрут.

Полициските вооружени сили со камиони однеле стотици демонстранти, кон кои пукале со гумени куршуми.