Мицкоски: Нема да поднесам оставка, додека сум жив ќе се борам против сите кои служат на Заев!

0
112

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција порача дека не планира да поднесе оставка од функцијата претседател на партијата.

Како што посочи тој, додека е жив ќе се бори против оние кои му служат на Зоран Заев.

„Следуваат потешки времиња. Владата на СДСМ го изведе најнечовечкиот поткуп на избори. Сиромаштијата ќе се зголемува, квалитетот не се цени и младите си заминуваат од земјава. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане за жестоко да критикува. Ова не е само моја битка, туку битка на народот против неодговорната Влада. Нема да поднесам оставка за да помогнам на СДСМ и Зоран Заев. Додека сум жив ќе се борам против оние кои му служат на Заев. Би било кукавички сега да си заминам“, истакна Мицкоски.