Навални имал „смртоносно средство“ во организмот, тврди неговиот тим

0
136

Во организамот на Алексеј Навални, според нaводи на неговиот тим, е пронајдено најверојатно „смртоносно средство“. Досега не е добиена дозвола за лекување на Навални во странство.
Полицијата ги известила лекарите на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални дека пронашла опасна супстанција, рече шефот на Антикорупцискиот фонд на Навални, Иван Жданов денеска во Омск. Отровот, како што додаде тој, бил опасен не само за Навални, туку и за околината, поради што е укажано дека треба да се носи заштитна облека. Поради истрагата која што е во тек, не е дадена информација за каква супстанција се работи, рече Жданов. Нејасно е каде полицијата ја пронашла супстанцијата.