Поради пандемијата, намалена е емисијата на штетни гасови за 14,5 проценти

0
110
Aerial view of Budva, Montenegro on Adriatic coast.

.н. Ден на пренесување на Земјата е ден на кој човештвото ги „потрошило“ сите биолошки резерви што може Земјата да ги надополни од година во година. Тој ден се случува од 1970-тите се порано и порано, според Global Footprint Network.

Мрежата пресметала дека оваа точка е достигната на 22 август годинава во однос на минатата година кога била достигната на 29 јули, со што е одбележан редок случај на пресврт на трендот по пандемијата, зашто карантинот предизвика привремен пад на емисиите на стакленички гасови и уништување на шумите.

Ова претставува намалување од 9,3 проценти во влијанието на луѓето во однос на претходната година, според Global Footprint Network.

Но, тоа не е нешто што треба да се слави, изјави лидерот на мрежата, Матис Вакернагел.

„Тоа не е резултат на свесна одлука, туку на катастрофа“, додаде тој.

Научниците го пресметуваат денот кога човештвото ги троши сите природни резерви што Земјата успева да ги надополни од година во година со проучување на човечката потрошувачка и потребите за храна, енергија, простор за домаќинствата и патиштата, како и капацитетот на планетата да ги апсорбира глобалните емисии на стакленички гасови, вели Вакернагел.

Споредба со навистина достапните обновливи природни ресурси на Земјата, мрежата пресмета дека човештвото троши 60 проценти повеќе од она што може да се обнови.

„Слично е со парите – можеме да потрошиме повеќе отколку што заработуваме, но не засекогаш“, предупредува Вакернагел.

Според студијата, пандемијата предизвикала намалување од 14,5% на емисиите на јаглерод диоксид во однос на претходната година, а уништувањето на шумите паднало за 8,4% како резултат на очекуваниот пад на побарувачката.

Научниците посочуваат дека пандемијата предизвикала големи нарушувања во глобалниот земјоделски систем и пазарите, но заклучуваат дека целокупниот ефект врз намалувањето на обемот на влијанието на човештвото на планетата е мал.

Global Footprint Network наведува дека промените во навиките на потрошувачите се можни на краток рок, како резултат на напорите за контрола на пандемијата, и повикува да ја искористиме оваа невидена можност за тоа „каква иднина сакаме“.

Шефот на WWF International, Марко Ламбертини, рече дека пандемијата најсилно ги погодила најранливите и го вратила фокусот на „нашата неодржлива и деструктивна врска со природата во која многу не се успева“. Тој повика на размислување за фактот дека економскиот развој не мора да биде придружен со уништување на животната средина.

„Можеме да еволуираме, но не на штета на нашата планета затоа што знаеме дека планетата во криза значи општество во криза и економија во криза“, додаде тој.

Претходно овој месец, меѓународен тим на научници пресметале дека глобалните емисии од јаглен, нафта и гас може да паднат на осум проценти во 2020 година, како резултат на мерките за контрола на коронавирусот.