Руската вакцина против корона ќе штити најмалку две години!

0
118

Луѓето кои ќе бидат вакцинирани со новата руска вакцина против вирусот корона, ќе бидат имуни на тоа до две години, соопшти руското Министерство за здравство.

Министерот за здравство, Михаил Мурашков рече дека вакцината е креирана во истражувачкиот центар „Гамалеја“, кој работеше на пронаоѓање на вакцината и дека ги користеле испробаните и проверени процедури за одгледување на векторот аденовирус.

Би сакал да истакнам дека истражувачите од нашите научни центри, уште во текот на 90-тите години успешно експериментираа со подготовка за генски терапии, рече тој.

Понатамошните истражувања формираа универзална платформа за развој на вакцини против разни заразни болести и на овие платформи, научни истражувачи и наши експерти успеаја да направат шест вакцини кои во различна мерка се користат во Русија“, рече Мурашков, цитирајќи примери на вакцината против вирусот еболави и вирусот корона од тип MERS-KoV.

Во исто време, директорот на Националниот истражувачки центар „Гамалеја“, Александар Гинзбург, изјави дека во препаратот се користат аденовирусни контејнери за испорака на гените кои кодираат „корона“ протеини кај вируси. Вакцината ќе се дава во две дози.

Како што објасни научникот, истиот ген е воведен на различни носители што овозможува стекнување на заштитен имунитет, за подолг временски период.

Како што вели тој, ваквиот пристап гарантира со голема веројатност дека лицето кое ја примило оваа вакцина во „посилната” верзија ќе биде заштитено од можна инфекција со вирусот корона „најмалку две години, а веројатно и за подолг период“.

Гинзбург, исто така, прецизираше дека ваквиот долгорочен ефект на лекот е докажан за време на заедничката работа на Центарот за научни истражувања и медицинските установи на руското Министерство за одбрана во Африканска Гвинеја на вакцини против вирусот ебола.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин објави дека во Русија е регистрирана првата вакцина во светот за превенција на ковид 19, изработена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“, во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции.