Се намалува бројот и процентот на позитивни на коронавирусот

0
110

Нови 119 случаи заразени со коронавирусот од направени 2.065 тестирања, пет починати, 297 оздравени пациенти, е билансот од претходното деноноќие.

Починати се пет пациенти од кои двајца од Скопје (49 г. и 50 г.), еден од Тетово (46 г.), еден од Куманово (63 г.) и еден од Прилеп (82 г.). Сите се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрира 297 оздравени пациенти.

Вкупната бројка Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.914, бројката на оздравени пациенти е 10.507, на починати е 578, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.829. Во Скопје сè уште се активни 884, Куманово 361, Штип 228, Тетово 180, Кавадарци 90, Гостивар 286, Свети Николе 71, Кичево 86 и други.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 83 пациенти од кои на кислородна поддршка се 50 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, шест позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 48 пациенти од кои на респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 105, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Се намалува бројот на активни случаи по скопските општини: Чаир – 117, Гази Баба – 112, Аеродром – 104, Карпош – 91, Центар – 91, Кисела Вода – 98, Ѓорче Петров – 58, Бутел – 68, Шуто Оризари – 37 и други.