тројца починати и 11 нови случаи на Ковид -19 од 450 тестови

0
99

Во последните 24 часа се регистрирани 11 нови случаи на ковид-19 од направени 450 тестови, соопшти Институтот за јавно здравје. Тројца од новозаболените се од Скопје и по еден од Куманово, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Крива Паланка, Берово, Виница и Делчево.

Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (51г), пациент од Прилеп (65г) и пациентка од Виница (78г).

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрираше и 95 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 148.269 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14341, бројката на оздравени пациенти е 11157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2581.