Филипче: Нашата препорака е училиштата да започнат со настава онлајн

0
121

Веќе неколку недели во континуиттет во нашата земја има намалување на бројот на починати лица и зголемување на бројот на оздравени. Направени се 11,605 тестирања, 20062 повеќе споредено со претходната недела. Регистрирани се 902 нови позитивни случаи во 29 градови. Најголем дел се од Скопје и Куманово.Во текот на минатата недела регстрирани се 17 смртни случаи. Во истиот период оздравени се 1067 лица. Она што е евидентно е намалување на процентот на вкупниот број на позитивни од вкупниот број на направени тестови. Значајно е зголемен и бројот на тестови на дневно ниво, кажа на почетокот на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

„Интензивно работиме на зголемување на капацитетите на лабораториите. Согласно вчерашната статистика бројката на активни случаи на лица заразени со коронавирус изнесува 2932.

Состојбата со епидемијата е стабилна, состојбата со болничките капацитети исто така. Во однос на болничките капацитети значително е намален бројот на хоспитализации. Од почетокот на август досега бројот на хоспитализации е под 400. И покрај тоа што во овој момент ситуацијата е стабилна, интензивно се подготвуваме за есенските месеци кога претпоставуваме дека ситуацијата може да се комплицира, бидејќи тоа е вообичаена сезона на вируси.